Чомбе од „Трст виа Скопје“, Љупчо од „Тетовирање“, Управителот од „Втората смена“, Таксистот од „Тајната книга“ или чичкото од „Бушава Азбука“… Тоа е Александар Чамински, познатиот македонски актер, некогаш вработен во Македонскиот народен театар. Чамински денес живее во Словенија, во Словен Градец. Ја тужеше Македонија за судење во неразумен рок, за тепачката од 1992 година, кога пет лица му нанесоа тешка телесна повреда. Минатата година Европскиот суд за човекови права во Стразбур пресуди во негова корист, но тој не бараше финансиска отштета. Педесет и шест годишниот Чамински е оженет во Словенија и работи како директор на театарското Студио 2.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




