| четврток, 6 декември 2018 |

Французите можат да здивнат, сепак Паркер ќе игра за репрезентацијата

FIBA EuroBasket 2015

Најдобриот француски кошаркар нба-ѕвездата Тони Паркер ги израдува своите сограѓани со одлуката да настапува за репрезентацијата во квалификациите за Олимписки игри во Рио де Женеиро, а по нив и на Олимпијадата.

Таква одлука донесе тој по консултациите со семејството откако пред десетина дена изјави дека најверојатно нема да се појави на собирот на националниот тим. Причина за тоа е бременоста на неговата сопруга која треба да се породи кон крајот на јули, односно во периодот меѓу квалификациите и Олимпијадата.

– Да, сакам да играм за Франција. Прво на квалификациите, а потоа и во Рио – изјави 33-годишниот плејмејкер.

Со оглед на неговата возраст, ова е веројатно последна шанса да заигра на Олимпијада и да освои медал. Франција е во квалификациската група што се игра во Манила, Филипини и тоа заедно со домаќинот, Нов Зеланд, Турција, Сенегал и Канада. Квалификациите се играат од 5 до 7 јули, а Олимпијадата е од 5 до 21 август.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top