Нема никакво логично оправдување за противењето на СДСМ за формирање универзитет за национална безбедност, што секаде во други држави преставува еден од врвните приоритети во создавањето кадар со кој ќе се штити безбедноста и интегритетот на државата и на нејзините граѓани.
СДСМ на овој начин покажува и неодговорност кон стратегидката определба и интерес на државата за градење систем за национална безбедност и негово усовршување, но, од друга страна, таа уште еднаш, поради нејзини ситни политички интереси, застанува на патот на еден благороден проект и сопира проект што има образовна функција
Кога се прават нелогични и деструктивни работи тоа сигурно е проткаено и со нелогични забелешки. СДСМ деградирајќи ја функцијата на институтот амандмани поднесе речиси 1.000 со необјасниви и несуштински забелешки, кои се контрадикторни. Интегрално ви пренесуваме дел од таквите амандмани.
Преку поднесените амандамни за определување на бројот на запишани питомци на Воената академија за копнена војска и воздухопловната академија годишно, СДСМ има поднесено огромен број контрадикторни амандмани каде што во еден амандман бараат бројот на запишани питомци да не биде поголем од 136 на годишно ниво, во друг да не биде поголем од 73, во трет да не биде поголем од 143.
Има и други амандмани во кој се предлагаат- 91, да не биде поголем од 61, па од 51, и така натаму. На крај поднеле и амандман да се брише овој член 10 од Законот.
Преку поднесените амандмани за користење на униформи на студентите со пропишани ознаки, СДСМ поднесува десетици амандмани во кои што суштината на сите е иста, но со менување на местата на зборовите или додавање на сврзници, прилози и така натаму, создаваат што поголем број на бесмислени амандмани за иста работа.
Пример: во неколку амандмани ја користат измената на ваква терминологија: користат униформи / носат униформи; студентите кои што се школуваат / питомците кои што се школуваат / студентите и питомците кои што се школуваат. На крај барат и овој амандман да се избрише.
Преку поднесените амандмани за изгледот и материјалот на униформите, СДСМ поднесува десетици амандмани во кои што суштината на сите е иста, но со менување на местата на зборовите или додавање на сврзници, прилози и така натаму сакаат да злоупотребат најмалку една недела низ празни дискусии.
Пример: питомците што студираат / питомците што се школуваат; ги пропишува министерството за одбрана / ги пропишува министерот за одбрана; заради потребите на министерството за одбрана / за потребите на министерството за одбрана / поради потребите на министерството за одбрана, и така натаму. Учеле граматика, пишувале амандмани, ќе држат говори со денови бес смисла и без никаква корист за граѓаните, а на сметка на нив.
Преку поднесените амандмани за стапување во сила на овој закон, СДСМ повторно има поднесено огромен број на контрадикторни амандмани каде што во еден амандман бара законот да стапи во сила на 11-тиот ден од денот на објавувањето во Службен весник, во друг да стапи на сила на 25-тиот ден, во трет на 49-тиот ден, во четврт амандман да стапи на 17-тиот ден, па 56-тиот ден и така натаму. На крај поднеле и амандман да се брише овој член 34 од законот. Идејата им е само за овој член каде имаат поднесено десетици бесмислени амандмани да држат дискусии од барем една недела.
Инаку претходно СДСМ се противеше и на формирањето на универзитетот Гоце Делчев, каде сега се школуваат илјадници млади луѓе, не го поздрави ниту проектот за бесплатни учебници, воведување на бесплано средно задолжително образование, проектот за предвод на странска литература, проектот за инвестирање во нови лаборатори за научни цели иредица други проекти од кој бенефит имаат многу млади луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.