| четврток, 6 декември 2018 |

Се продава омилениот дворец на Грејс Кели (фотогалерија)

Дворецот „Касел оф ла круа де гард“ на француската ривиера се продава за 48,7 милиони евра. Во овој прекрасен дворец кој се наоѓа во Кан се вљубила американската актерка Грејс Кели, додека го снимала својот последен филм со Алфред Хичкок, пред да се омажи во кралското семејство во Монако.

Покојната актерка на француската ривиера со Кери Грант во 1995 година го снимала филмот „Фатете го крадецот“. Тоа беше нејзин последен филм чиј режиер е Хичкок пред да се омажи за принцот од Монако.

Дворецот има 13 спални соби, огромен базен, зимска градина и турска бања. Дворецот се продава првпат од 1960 година и тоа преку една од најголемите аукциски куќи „Сотби“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top