| четврток, 6 декември 2018 |

Пејтон Менинг: Прво ќе испијам многу пиво па потоа ќе одлучам за мојата иднина

pejton mening

Квотербекот на Денвер, Пејтон Менинг по триумфот на 50. Супербоул одлучи да не носи избрзана одлука што се однесува околу својата иднина.

Денвер дојде до третата титула во НФЛ лигата со синоќешната победа над Каролина, а многумина веруваат дека тоа е и последниот натпревар за Менинг во кариерата. Очекувано веднаш по крајот на дуелот сите ги интересираше дали ова финале означи крај на неговата кариера, но тој се одлучи да не дава конечен одговор…

– Ќе си земам малку време да анализирам се. Постојат приоритети, прво сакам да ја бакнам сопругата и своите деца, да си ја видам фамилијата. Ќе испијам многу пиво, тоа го знам и ви го ветувам. Зничи, прво мора да испијам пиво, да се помолам и му се заблагодарам на Господ за се, па потоа ќе видиме – истакна Менинг и дополни:

– Го послушав советот на тренерот одлуката да ја донесам со глава, а не со срце. Ова беше емотивна недела, емотивна ноќ, но прво се на ред моите приоритет па се останато. Сакам да ја прославам титулата со семејството и со пријателите, па потоа останатото.

А, што се однесува, пак, до неговата мајка која од трибините, заедно со останатите членови на семејството, го следеше Супербоул, таа веќе одлучила што е најдобро за нејзиниот син.

– Сакам Пејтон конечно веќе да се повлече – истакна Оливија Менинг, по крајот на синоќешното финале.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top