| четврток, 6 декември 2018 |

Младата Миратиду од Савехоф со најдобра одбрана колото (видео)

radicevic

 

Голманката на Савехоф, Изабела Муратиду ја има најатрактивната одбрана во третото коло од главната фаза на Лигата на шампионите.

При резултат 12-8, таа го одбрани зицерот на Јованка Радичевиќ при еден контранапад и си обезбеди место на врвот. За наша среќа, тоа е единствената работа по која Савехоф ќе го памети гостувањето во Скопје бидејќи ЖРК Вардар го сомле шведскиот првак и на крајот славеше убедлива победа со 37-25.

Освен Муратиду, место во најдобрите пет одбрани си обезбедија уште Катрин Лунде од Ростов, Алма Гризовиќ од Ларвик, Галина Мехдиева од Ростов и Кари Алвик Гримсбо од Ѓер. Најатрактивните одбрани од ова коло можете да ги видите ОВДЕ. 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top