Групата „HgH2O“ е доказ дека еден битолчанец и еден охриѓанец може да функционираат одлично, и тоа во Скопје. Стефан Спировски и Тони Попоски веќе една година со своите акустични верзии на познатите рок и блуз-песни, како и незаборавната антологиска македонска музика, ги прават присутните на нивните свирки жива вода.
– Почнавме да свириме затоа што сакавме сите да ги направиме жива вода, оттаму и името на бендот Hg –жива и H2О- вода. Шегата на страна, музиката е нешто што нѐ поврза и во што и двајцата уживаме. Двајцата свириме на гитара и пееме, засега песни со кои веруваме дека публиката секогаш ќе си замине насмеана од нашите настапи, а набргу и ќе почнеме со работа на нешто наше, авторско – вели Стефан.
Покрај редовните настапи во кафулето „Old Time“ во Безистенот во Старата скопска чаршија, оваа сабота, 20 април, публиката ќе може да ужива во нивниот настап во „МФ Кафе“, зад трговскиот центар „Беверли“, каде што Стефан и Тони ќе почнат со мисијата да ги испотат сите гости после 22 часот.
За оние пољубопитните, ова е линкот за нивната официјална страница на Фејсбук
http://www.facebook.com/HgH2O?fref=ts
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.