Големи возбудувања и прекрасни потези и голови можат да се видат на Европското првенство во футсал што се одржува во Белград.
По голот на Португалецот Рикардињо кој ја обиколи планетата и не постојат адекватни зборови со кои може да се опише она што го направи Португалецот. Ден подоцна поточно вчеравечер, уште една мајсторија од „Комбанк арена” стана хит на интернет. Италијанскиот репрезентативец Алесандро Патија со фантастичен гол стави точка на убедлиот триумф на „Азурите” над Чешка од 7-0. Уживајте во мајсторијата на Бразилецот кој ги брани боите на Италија.
А, вистинските возбудувања допрва претстојат, бидејќи вечерва се играат првите две четвртфинални пресметки помеѓу репрезентациите на Србија и Украина, односно Португалија и Шпанија. Во вторник, за полуфинале ќе се борат Русија и Азербејџан, односно Казахстан и Италија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Демографска катастрофа ѝ се заканува на Италија, стана втора најстара држава во светот