Екипата на Денвер Бронкос е сензационален победник на 50.јубилејно издание на „Суперболот“. Сензационален бидејќи никој не им дава шанса за победа на еден од најдобрите квотербекови во историјата на американскиот фудбал, „шерифот“ Пејтон Менинг и другарите.
Во завршниот натпревар популарниот „Супербол“ Дененвер ја победи Каролина Пантерс со 24-10 која имаше најдобра сезона од 17 победи и само еден пораз и тоа во последното коло.
Сепак, одбраната на Денвер се покажа како непремостлива пречка за Каролина. Мечот воопшто не беше атрактивен, за разлика од некои поранешени финални дуели, немаше многу тачдауни, а доминираа одбраните на двете екипи. Одлучи првата четвртина која Бронкос ја добија со 10-0 благодарение на еден филд гол и тачдаун од одбрана, нешто што беше нивен специјалитет оваа сезона. Пантерс се обидоа да вратат во вториот период, тогаш го направија единствениот тачдадун, од само еден јард, но и тоа беше се што сторија на овој меч. Да беа малку посконцентрирани во нападот, играчите на Денвер уште во првото полувреме ќе го реше победникот, но и покрај тоа направија противникот да изгледа беспомошен во напад.
Во третата четвртина, Каролина имаше шанса повторно да се доближи, но Гено со удар од далечина ја погоди стативата, а Денвер благодарение на еден драјв на Мекманус се избори за филд гол и предност од 16-7. Во продолжение, Пантерс повторно дојдоа на еден посед негатива (16-10), но испушти неколку напади за на крајот на квотербекот Кам Њутон да му биде избиена топката од раце и Андерсон со вториот тачдаун на Денвер да стави точка на мечот.
За Бронкос, ова беше втор освоен Супер боул по тој од 1998 година, но посебна приказна беше ветеранот квотербек во тимот Пејтон Менинг. Иако ја одигра најслабата сезона во кариерата, а синоќа беше ужасен, Менинг стана првиот квотербек во историјата со две титули со различни клубови откако во 2007 година славеше и со Индијанаполис Колтс. Освен тоа, тој стана најстар квотербек со НФЛ прстен бидејќи идниот месец ќе наполни 40 години.
Сосема заслужено, признанието за најдобар играч на Супер боулот му припадна на офанзивниот лајнбекер на Бронкос, Вон Милер. Покрај шесте соборувања, тој имаше и три “сека”, постојано го пристискаше Њутн и му исфорсира два фамбла. Кај него оди најголемиот дел од заслугите за одличната одбрана на Денвер во финалниот меч.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)