Долгоочекуваниот нов сингл Бијонсе го објави ненајавено, заедно со спот, и ги воодушеви своите обожаватели. Меѓутоа, со спотот за песната „Форматион“ пејачката налути некои уметници.
Имено, таа е обвинета за кражба на делови до снимката од еден документарен филм на американскиот режисер Крис Блек. Тој на неговиот „Твитер“ објавил дека клиповите од нејзиниот спот се, всушност, преземени од неговиот документарен филм за музика од Њу Орлеанс, а не прописно акредитирани.
New Beyonce video used hella clips from the doc I produced and directed by @abteen …but why?!?! https://t.co/RgWTUr1rtd
— chris black (@TheBlack) February 6, 2016
Бијонсе ги демантираше овие обвинувања. Во изјавата што ја дала преку нејзиниот менаџер пејачката признала дека ја користела видеоснимката, но дека таа била употребена со дозвола на сопственикот.
Кој и да е во право од овие две страни,тоа нема да го смени одушевувањето на обожавателите од новиот спот на пејачката. Во прилог на тоа оди и фактот дека само за два дена го погледнале повеќе од 11 милиони луѓе на „Јутјуб“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)