Нада и Хасан не сакале да дозволат војната и стравот да им ги уништат спомените на денот кога се одлучиле на заеднички живот.
И покрај сето тоа што ги окружува, прошетале на некогаш убавите градски улици, таа со венчаница и бидермаер, а тој во војничка униформа.
Сакале нивната венчавка на сите да им биде потсетник дека љубовта е посилна од војната.
Градот Хомс во кој живеат, се наоѓа на западот на Сирија и некогаш бил познат како „главен на град на револуцијата“ бидејќи опстанал и по пет воени години.
Сепак, неговите лузни се огромни, за што сведочат и овие фотографии на Џафар Мераја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.





