| четврток, 6 декември 2018 |

Пропаѓањето на „Карфур“ е од регионални димензии, СДСМ повторно манипулира со фактите

карфур5

Од пред два дена „Карфур“ во СитиМол е затворен. Зад себе остави огромни долгови кон снабдувачите, банките и вработените.

Вработените останаа дома, трговскиот центар не е известен за прекинувањето со работа, а 50-тина македонски компании имаат побарувања од маркетот кои се мерат во милионски суми. Со месеци чекаат пари од фирмата ЦМБ Балканс Скопје, која е носител на франшизата Карфур во Македонија.

карфур4

Комерцијална банка веќе ја активирала хипотеката на кредитот што компанијата го зела од оваа банка.

Компаниите на кои „Карфур“ им е должник веќе побарале помош од Стопанската комора на Македонија, која пратила допис со известување до повеќе владини претставници.

Од Владата рекоа  дека дописот од Стопанските комори кои побараа владата да се вклучи во случајот е разгледан со полно внимание и сите државни институции кои се надлежни за овој и сите други случаи ќе постапат согласно законот.

Фотографиите направени во бугарскиот „Карфур“ се доказ дека  хипермаркетот бележи неуспех во цел регион.

карфур1

Но, на опозициските медиуми и на СДСМ воопшто не им беше најважен реалниот проблем, туку и за оваа состојба  сакаа да се изборат за мал политички поен.

Гласноговорниците на опозицијата не ги проверија ниту најосновните информации за ова работење, па ја обвинија власта за затворањето.

Како во ниту една друга земја, македонската опозициска СДСМ од ова направи скандал.

Она што тие очигледно не го знаат е дека „Карфур“ не пропаѓа само во Македонија.

карфур2

Празни полици, преполовен број на невработени е сликата и од „Карфур“ во Бугарија, а според информациите и албанскиот „Карфур“ е пред затворање.

карфур3

Француската бизнис фирма одамна одлучи да го напушти и грчкиот пазар.

Сопственик на хипермаркет Карфур во Скопје е грчката компанија „Маринопулос“ на грчкиот бизнисмен Леонидас Маринопулос, која пред неколку години ги купи маркетите „Карфур“ во Грција откако Французите решија да го повлечат својот бизнис од Грција.

кар

Пропаднаа обидите на СДСМ и нивните опозициски полтрони да креираат нова лага и да го изманипулираат народот.

„Карфур“ пропаѓа поради долгови и тоа не само во Македонија, туку во цел регион.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top