Стопанската комора на Македонија побарала од Владата да се вклучи во решавањето на проблемите со долговите на компанијата „ЦМБ Балканс Скопје“ ДООЕЛ, која е носител на франшизата „Карфур“ во земјава.
Според Комората, маркетот останал должен на повеќе од 50 домашни компании на чија иницијатива се одржала средба неделава во Комората. Вкупната сума на долгот, се уште не се знае.
Комората доставила допис до Владата во која ја информира за проблемите на компаниите кои не можат да си ги наплатат побарувањата.
Од Владата изјавиле дека дописот од Стопанска комора е разгледан со полно внимание и сите државни институции кои се надлежни за овој и сите други случаи ќе постапат согласно законот
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.