Празни полици, намалена понуда на производи, нема редици на касите. Ова е сликата што последниве денови може да се види во супермаркетот на „Карфур“ во трговскиот „Сити мол“ во Скопје, пренесува „Вечер“.
Има само по некое останато парче, без да има дополнување на нова стока. Неофицијално, дел од дистрибутерите веќе престанале да доставуваат производи и редовно да го снабдуваат супермаркетот. Дали супермаркетот на францускиот синџир што има само еден продажен објект во Македонија ќе се затвори или не, нема официјална информација.
Инаку овој хипермаркет во трговскиот центар „Сити мол“ се простира на површина од 4.650 квадратни метри и е еден од најголемите во земјата. Беше отворен пред три години заедно со отворањето на трговскиот центар „Сити мол“.
фото:Вечер
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.