| четврток, 6 декември 2018 |

Карло Јанка со првата супервелеслаломска победа на олимписката патеката во Јеонгсеон

Alpine Skiing Super-G Men

Швајцарскиот алпски скијач Карло Јанка прв победник во супервелеслалом во јужнокорејскиот Јеонгсеон во рамки на Светскиот куп во скијање, што воедно беше прва за него во кариерата во оваа дисциплина.
Швајцарецот потсети на своите најдобри шампионски денови и со време од 1:26,16 минути дојде до вкупно 11-та победа во кариерата. На второто место финишираше Криштов Инерхофер од Италија со задоцнување од 82 стотинки, а подиумот го комплетираше Винсент Кречмајр од Австрија.

Светскиот скијачки куп следниот викенд продолжува во Азија, поточно во Јапонија во Јуазава Наебда, каде во сабота се вози машкиот велеслалом, а во недела слалом.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top