| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ со тешки опструкции против благородниот проект-формирањето на Универзитетот Дамјан Груев

против
Една благородна идеја и проект на владата претворена во политичка пресметка и блокада наметната од СДСМ. Тие не сакаат да се донесе одлука и да се формира Универзитетот со цел да се предизвика нова политичка криза. За тоа немаат никакви аргументи, но затоа се бучни, се закануваат и поднесуваат бесмислени амандмани со цел да ја блокираат работата на Собранието и формирањето на Универзитетот. Поднесените 980 амандмани немаат никаква логика и се тотално бесмислени.

Еве примери, тие се фатија за името и не сакаат да се вика Дамјан Груев, туку како контраверзниот Страхил Гигов, или Вера Ацева, Крсте Црвенковски, Видео Смилевки Бато. Тие не може да се усогласот ниту во тоа какво име сакаат, па предлагаат по 5 до 6 предлози. Бруката да биде поголема тие имаат поднесено и контрадикторни амандмани па така, во еден предлагаат бројот на питомци да не биде поголем од 136, па со друг 73, во трет 91 питомец, во четврт не поголем од 61, во друг да не е поголем од 16. За да на крај поднесат амандман да се избрише членот на закон кој ова го регулира.

Исто така СДСМ поднела 5 амандмани кога законот да стапи во сила и сите се со различен тајминг, за да на крај поднесе амандман со кој предлага бришење на тој член од законот.

Има и огромен број на амандмани кои се повторуваат. СДСМ со ова се води од девизата колку полошо за државата толку подобро за СДСМ. Истовремено освен опструкцијата СДСМ расправата ја води и кон физичка пресметка. Пратениците на СДСМ се нафрлија на жена пратеник

Вакви сцени веќе станаа традиција за СДСМ. Тие во минатото неколку пати предизвикуваа тепачки и вербални инциденти


Инаку планот е покрај врвни домашни научни работници кои имаат трудови во списанија со импакт фактор, на новиот универзитет да се донесат многу Македонци професори на странски универизети и голем број врвни професори од странство со многу научни трудови меѓународно признати. Особено на правниот и медицинскиот факултет.

Медицинскиот факултет ќе биде исклучиво на англиски јазик со голем број странски професори и со ограничен број студенти не повеќе од 50. Со силни критериуми за прием на најдобрите, и истите, како на запад со студирањето секој ден ќе работат во 8 ми септември.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top