| четврток, 6 декември 2018 |

Полицијата застрела аутистично лице (видео)

daniellie-jacobs
Сигурно ќе се сетите на видеото кое долго време беше меѓу најгледаните на Јутјуб, а на кое кучето ја теши и ја смирува својата сопственичка кога таа добива напад?

„Еве како изгледа кога живееш со Аспергеров синдром“, гласеше пораката под видеото поставено од Даниел Џејкобс.


Оваа личност повторно е во фокусот на вниманието, откако полицаец ја застрела во својјот дом во Аризона, САД.

-Тие пукаа и убија 24-годишно аутистично и ментално болно лице, кое што го познаваа- посочува мајката Џејкобс.

Полицијата била повикана за случај за обид за самоубиство, но според кажувањето на полицаецот, Даниел Џејкобс се обидела да го нападне со нож.

Џејкобс постојано објавуваше видеа од проблемите со кои се соочуваше во секојдневието.
 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top