По двонеделна пауза ЖРК Вардар ги продолжува натпреварите во Лигата на шампионите. Во рамките од третото коло од втората групна фаза, во „Јане Сандански“ гостува шведскиот тим Савехоф кој по првите 30 минути покажа зошто досега нема освоено ниту еден бод.
Швеѓанките не се дораснат противник за македонскиот шампион, кој крајно сериозно ја сфати задачата дека мора да победи. Избраничките на Индира Кастратовиќ по првиот дел водат со убедливи 19-10.
По 13 минути натпреварот беше израмнет 8-8, но Кастратовиќ направи неколку измени во составот кои вродија со плод, и со серија од 11-2 до крајот на првиот дел стигнаа до висока предност.
До крајот на натпреварот се очекува вардарки да ја зголемат предноста и без проблеми стигнат до победата.
Во првото полувреме најефикасна е Андреа Пенезиќ со четири погодоци, а Радичевиќ, Лекиќ и Сокаќ имаат по три.
На голот е капитенот Ина Суслина која има седум одбрани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.