| четврток, 6 декември 2018 |

Македонците се подебели од Европјаните (видео)

debeli
Повеќе од половина (односно 52 проценти) возрасни Европјани влегуваат во категоријата „прекумерна тежина“, а 17 отсто се дебели. Во Македонија дебели се еден процент повеќе (18 проценти) граѓани, покажуваат резултатите од извештајот за стратегијата на Европа за исхрана, прекумерна тежина и дебелината поврзани со здравствени проблеми.

– Исхраната и стилот на живот влијаат на појава на дебелина кај возрасните, а особено на дебелина кај децата- изјави д-р Игор спироски, експерт за исхрана во Институтот за јавно здравје за Сител.

Експертите се категорични дека зголемената телесна тежина е ризик фактор за многу болести,а пред се за кардиоваскуларни, малигни заболувања кои се и најчеста причина за смртност.


За да се намалат последиците од дебелината поврзана со лошата исхрана земјите од ЕУ со голем број мерки се обидуваат да ја подигнат свесноста на населението преку разни кампањи и препораки за здрав живот. Од друга страна неколку европски држави Унгарија, Данска, Франција, Финска на одредени производи имат воведено “данок за маснотии” , а средствата од данокот потоа одат за превенција и третман на болести поврзани со консумирање нездрава храна.

– На тие производи кои содржат над тој дефиниран нутритивен праг на таквите состојки како што се сол, шеќер, маснотиите на нив се плажа дополнителен данок, значи дополнителни средства кои потоа се трошат во здравтвени цели- додава, д-р Спироски од ИЈЗ.

И Владите на Ирска и Велика Британија објавиле дека ја разгледуваат можноста за воведување данок за безалкохолни пијалоци кои содржат шеќер повеќе од дозволената нутритивна граница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top