Доктор Рајко Павличиќ среде чекална на пациентка и дал невообичаен и непримерен совет. Раководителот на Советувалиштето за ХИВ, во Домот за здравје во Никшиќ, Црна Гора, очигледно добро расположен, ја советувал рпед сите пациентката дека „добар к** знали мир во куќа“.
Пациентката сепак не го примила ова однесување на докторот како хумористично, туку напротив, како недолично и навредливо.
Докторот на тоа уште и ја повторил поговорката на латински (penis bonus, pax in domus), додавајќи „дали има нешто поубаво од тоа“?
-Дали си ти доктор?- го прашала изненадена пациентката.
Иако неговите дофрлања за дел од пациентите биле смешни, директорот на Домот најави казна за докторот.
-Разговарав со докторот и тој е свесен што сторил. Засрамен е заради тоа. Случајот го затворивме со тоа што неколку месеци ќе боде финансиски казнет- соопшти директорот на Домот на здравје во Никшиќ.
Целиот случај бил снимен со мобилен телефон, а видеото поставено на Јутјуб веднаш се рашири низ целиот Балкан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)