| четврток, 6 декември 2018 |

Шекуларац: Наместив меч во текот на мојата кариера и направив добро дело (видео)

sekularac

Еден од најголемите фудбалери во поранешна Југославија и секако една од главните ѕвезди на Црвена Звезда, родениот штипјанец, Драгослав Шекуларац призна по повеќе од половина век нешто што сите го знаеја. Со неговите зборови тоа доби и потврда. Тој во кариерата наместил натпревар во рамките од југословенската лига со цел да го спаси клубот во кој имал многу пријатели.
Тој во интервјуто за срскиот „Курир“ сепак не обелодени за кој натпревар станува збор.

– Местење на резултатите и натпреварите во фудбалот од секогаш имало и ќе има. Во поново време откако се вмешаа обложувалниците, се повеќе се обидуваат некои луѓе од самиот светски фудбалски врв да го прават тоа бидејќи се вртат големи пари. Доколку тоа го направите за да му помогнете на кој друг клуб, тоа е помал грев.
Еве сега јавно признавам дека учествував во натпревар кој на мојата Црвена Звезда воопшто не и значеше, а на противникот двата бода му помогнаа да опстане во лигата. Нема да кажам за кој клуб станува збор, но само ќе откријам дека тој беше многу популарен во поранешна Југославија. Им помогнав бидејќи имав многу пријатели во спортивниот табор, и ден-денес мислам дека направив добро дело – ова го изјавува единствениот фидбалер во историјата на Црвена Звезда кој добил овации и бил испратен со аплауз од Загреб.

Денес Шекуларац апелира, законите против наместените мечеви да бидат многу строги.

– Казнувањето на оние кои се здружиле со цел да наместат или наместиле натпревар мора да биде многу строго. Тоа е единствено решение. Тоа е како казна за погрешно паркирање. Тој што направил такво дело веднаш да биде казнет на лице место. Нема да му се повтори погрешно да паркира. Така е и со наместените натпревари. Мора некој драстично да бие казнет и да биде пример за другите – заврши Шекуларац.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top