| четврток, 6 декември 2018 |

Елена Ристеска се разведува, се врати да живее кај родителите?

Елена Ристеска по неколку години брак, се врати дома кај нејзините родители, пишува „Либертас“ додавајќи дека деновиве таа често е во скопската наслеба Ново Лисиче каде што живееше пред да се омажи. Извори за „Либертас“ велат дека таа и нејизниот сопруг Бојан поднеле развод на бракот поради несогласување.

elena-risteska

Ова не е првпат да се шпекулира за несогласувањата помеѓу младата брачна двојка, но Ристеска не зборува за својот приватен живот. Неодамна во интервју за „Република“ изјави дека токму молчењето е нејзиното најдобро оружје.

– Што и да ка­жам, де­ман­ти­рам или об­јас­ну­вам, кој ка­ко са­ка си сфа­ќа, ду­ше­гриж­ни­ци­те ќе го кон­ста­ти­ра­ат ка­ко прав­да­ње, а тие што зас­лу­жу­ва­ат мои од­го­во­ри и мое по­до­бро при­ват­но за­поз­на­ва­ње, мо­ја­та пуб­ли­ка, на „тац­на“им ги сер­ви­рам си­те мои од­го­во­ри и об­јас­ну­ва­ња пре­ку му­зи­ка­та и тек­сто­ви­те. Уште мно­гу одам­на се ре­шив на та­кви прин­ци­пи и од­не­су­ва­ње кон јав­но­ста и по 14 го­ди­ни ка­ри­е­ра си по­твр­див де­ка тоа е единс­тве­ни­от и ви­стин­ски на­чин на „са­мо­од­бра­на“, пре­ку му­зи­ка­та. Нај­важ­но е де­ка јас си го тра­си­рам сво­јот пат по­ле­ка, но си­гур­но и ги ос­тва­ру­вам сво­и­те це­ли, а не жи­ве­ам во жи­во­ти ту­ѓи. Се­кој со сво­ја­та кар­ма и во за­вис­ност од тоа ка­ква енер­ги­ја пра­ќа­ме до кос­мо­сот, иста та­ква енер­ги­ја ќе ни се вра­ти – изјави Ристеска.

Неодамна медиумите ја „разведоа“ и Тамара Тодевска, но пејачката веднаш возврати со неколку фотографии на кои ужива со нејзиниот сопруг. Можеби Ристеска ќе го следи нејзиниот пример и овојпат ќе демантира или ќе продолжи мудро да молчи.

Ристеска и Ивановски се венчаа во јуни 2012 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top