Техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски доби времена мерка од Управниот суд да унапредува луѓе, но тој продолжува да не ја почитува судската одлука. За него поважно е она што ќе каже Зоран Заев и СДСМ.
Спасовски вработи новинар и наместо да склучи договор за приправнички стаж, му даде началничко место. Техничкиот министер тука не застана, па против законски ги разреши првите луѓе на Единицата за прв одговор и интервенција „Алфа“ и автопатната полиција, за на нивно место да постави партиски кадрови решенија. Овие решенија, како и сите претходни, се спротивни на системот на кариера и претставуваат метеорски скок од неколку местам
Бранко Ракиќ од инспектор раководител на смена во Мобилна единица за патен сообраќај, со новото незаконско решение е назначен за началник на наведената единица, позиција со која се прескокнати 8 нивоа.
Примислав Димовски, пак, од виш инспектор во тим за обука во Единицата за специјални задачи –ЕСЗ е распореден во командант на „Алфите“, што претставува скок од 7 нивоа според систематизацијата на Министерството за внатрешни работи.
Екс министерот за внатрешни работи на СДСМ, Љубомир Фрчковски покажа како планира СДСМ да се однесува доколку дојде на власт, што впрочем се потврдува и од незаконските постапки на Спасовски. Бркање од работа, пакување како партали, вели екс министерот.
-Како партали новиот министер треба да ги спакува и да ги смени, а тие после нека тужат следните шест години дека тоа не било согласно систематизација. Министерот мора да има можност да организира освен оние кои ги именува Владата, тие ќе останат проблематични, изјави Фрчковски во гостувањето во Нова ТВ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи
-
МВР не знае колку малолетници се исчезнати во државата: Каква статистика води полицијата за исчезнатите лица?