Водителката Елен Де Генерис и подари на Хајди Клум машки боксерки, но не очекуваше дека таа веднаш ќе ги облече и на сите ќе им ги покаже за време на снимањето на телевизиското шоу.
Хајди Клум (42) со одушевување го прими подарокот од Елен (58) која ја чекаше во соблекувалната. Пред да и се придружи пред камерите Хајди одлучи веднаш да ги облече машките боксерки кои ги добила.
Манекенката за возврат на Елен и подарила дел од својата колекција долна облека, а Елен веднаш „го проба“ градникот со тантела.
– Тогаш и јас ќе ги облечам твоите. сакаш ли да видиш, праша Хајди пред да стане и да го крене своето кусо здолниште и ги покажа боксерките со натпис Елен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.