Најголемите поддржувачи на Законот како да функционираат медиумите во Македонија, предложен од медијаторот Питер Ванхојте, а препишан од нацртот од СДСМ, се ЗНМ и таканаречениот новинарски Синдикат. Во него стои дека медиумите треба да бидат строго казнувани ако нема балансирано известување, ако се оцени дека има навивачко и пристрасно новинарство, ако не се почитуваат новинарските стандарди. Откако се откри дека станува збор за истото решение, СДСМ се обидува да го „испере“ Ванхојте со наводно „неотстапување“ од нивниот предлог.
-Тоа се позиции што значат објективно, непрестрасно и професионално информирање на медиумите. Нема причина никој да биде загрижен ако ја работи професијата така како што треба- соопшти Роберт Поповски, довчерашен „независен“ претседател на ЗНМ, а сега одговорен за односите со јавност на СДСМ.
Редакцијата „Република“ подолг период е цел на груб напад, омаловажување и дискредитација со помош на лаги и конструкции од страна на СДСМ и гласноговорникот Петре Шилегов, кои што кулминираа последните два дена. Притисокот врз медиумот е зачинет и со држењето на прес- конференции пред канцелариите на редакцијата „Република“.
Медиумите финансиски поддржани од СОРОС (најмалку седум на број, според признанието на Владе Милчин), „објективните“ медиумски куќи кои се мегафони на опозицијата, па дури се и дел од нивната мрежа на сестрински фирми (семејството Заеви неодамна стана сопственик на информативна ТВ куќа), во целост ги пренесе и објави презентираните документи, не внимавајќи притоа на заштитата на личните податоци. Притоа, ниеден од тие медиуми не побара став, мислење, оценка од Редакција „Република“ која што најдиректно е цел на политичкиот напад од страна на СДСМ.
Ако блискоста на СДСМ и Заев со овие медиуми е документирано и со последната фотографија од дружби и подготвување на стратегии, значи ли тоа дека тие се изземени од оценките за „позиции што значат објективно, непрестрасно и професионално информирање на медиумите“? Притоа, дали овие медиуми и новинари, кои се и најголемиот процент на членовите на ЗНМ, со ова покажуваат како во практика би функционирал законот на СДСМ, пардон, на Ванхојте? Дали ваквите известувања на овие медиуми би биле најстрого казнети од идниот прв човек на Агенцијата за медиуми со неговото дискреционо право, според истиот Поповски, за „ширење говор на омраза и пристрасно и навивачко известување”?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нов закон во Франција: Казна три години затвор и 45.000 евра за секој политичар што ќе си вработи член на семејството
-
Ја турка ли СДСМ државата во меѓународен блам?
-
СДСМ ВО 2014: Ерга омнес е неприфатливо
-
СДСМ: Граѓаните се за светла иднина, само Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат јасен став за референдумот