Исламската држава објави уште една видеоснимка на која се гледа како момче му ја отсекува главата на сириски умерен опозициски борец и се заканува дека иста судбина ќе го снајде секој Американец или борец што ги поддржува САД.
Момчето што е идентификувано како син на џихадистот на Исламската држава Абу Дард, зборува на англиски јазик со впечатлив акцент. Тој, наводно, го погубил Мухамед Табш за кој се наведува дека е верски службеник на сириската бунтовничка група Фронтoт на Левант.
На снимката, која трае 18 минути, се гледа како момчето ја присилува жртвата да клекне на патот за кој се верува дека е некаде во близина на Алеп, пренесе РТ. Пред погубувањето, момчето се закани дека ќе ги уништи бунтовниците во Сирија што ги финансираат или поддржуваат САД.
Фронтот на Левант, формиран во декември 2014 година, е бунтовничка група од Алеп, која се бори против силите на сирискиот претседател Башар Асад.
Веродостојноста на оваа снимка не е потврдена, но не е ниту првпат децата да се појавуваат на пропагандните снимки на Исламска држава.
Во март 2015 година објавена е снимка на момче што пука во Арап што признал дека е шпион. На почетокот на јануари во друго видео во кое се погубени пет мажи што беа обвинети дека се „британски шпиони“ момче што зборува со британски акцент ѝ се заканува на Британија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)