| четврток, 6 декември 2018 |

Петре Шилегов и СДСМ вршат притисок врз „Република“

silegov republika (Custom)

Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов денеска оддржа пресконференција пред влезот на Неделникот „Република“. Откако вчера излезе со низа невистини за „Република“ денеска наместо извинување, повторно со обвинувања, овојпат пред просториите на медиумот, вршејќи притисок врз „Република“, но и други медиуми, кои, лидерот на СДСМ Зоран Заев ги нарече непријатели.

Петре Шилегов се повикува на официјални документи кои наводно потврдувале некакви приходи кои „Прва Република ДООЕЛ Скопје“ ги добила од Владата на РМ. Со истите обвинувања, презентирајќи некакви докази, Шилегов излезе и вчера. Откако „Република“ испрати демант до СДСМ, и до сите медиуми, СДСМ вчера се дрзна повторно да обвинува. Денеска обвинувањата продолжија со директен притисок од страна на Шилегов и СДСМ, одржувајќи прес-конференција пред просториите во кои е сместена Прва Република.

demant-Silegov-republika-740

„Република“ вчера се произнесе за обвинувањата од страна на портпаролот на СДСМ Петре Шилегов изнесени во изјава за медиуми, а во врска со наводни приходи од Владата на РМ, Прва Република ДООЕЛ Скопје демантирајќи ги ваквите тврдења.

-Шилегов изнесе груби лаги и невистини на непостоечки приходи кои беа искористени во конотација да се наруши угледот и имиџот на медиумот. Прва Република ДООЕЛ бара од СДСМ, но и од сите медиуми кои ја пренесоа изјавата да го објават демантот во целост и да се извинат за изнесените лаги. За изнесените невистини од страна на портпаролот на СДСМ Петре Шилегов, Прва Република ќе поднесе соодветна пријава пред надлежните органи. Во исто време, против Шилегов и медиумите што ја пренесоа информацијата ќе биде поднесена соодветна пријава и за противзаконско објавување на лични податоци – стои во демантот што „Република“ го испрати вчера до СДСМ и медиумите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top