Министерот за одбрана Зоран Јолевски денеска во Вашингтон ќе се сретне со претставници на Белата куќа, Секретаријатот за одбрана и на Стејт департментот.
Министерот Јолевски, кој во текот на вчерашниот ден имаше средби со претставници на американскиот конгрес, изјави дека во овие разговори фокусот на интерес е на емигрантската криза и на регионалната состојба, како и на политичката ситуација во Македонија.
– За време на посетата на Вашингтон имав многубројни средби со претставници на Сенатот и на Конгресот, со претставници на невладини организации, а во текот на денешниот ден ќе имам средби во Белата куќа со советникот на претседателот Обама за Европа, Селест Валетер, и, се разбира, средби во Стејт департмент и во Пентагон. Исто така, имав два настапа овде во германскиот Маршалов фонд и во Сенатот на тркалезни маси што се однесуваа на состојбата во Европа, особено со емигранската криза. На овие средби разговаравме за интегративните процеси на Република Македонија во НАТО и во Европската унија, а, исто така, разговаравме и за состојбите во регионот и за домашната состојба во Република Македонија – изјави Јолевски за Македонската телевизија.
Министерот за одбрана говореше на тркалезна маса во Конгресот, заедно со поголем број конгресмени и истакнатиот сенатор и поранешен претседателски кандидат Џон Мекејн. На оваа конференција, Јолевски подвлече дека е важно да се забрза интегрирањето на балканските земји во НАТО и во Европската унија и дека е потребно Македонија што поскоро да ја реализира поканата за членство во НАТО.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пентагон ја поздрави одлуката Македонија да ги прифати заробените борци на ИД, нејзини државјани
-
Пентагон ја поздрави репатрирацијата на седумте македонски борци од ИСИС
-
Министерот за култура се сретна со амбасадорите на Турција и на Унгарија
-
Тројца војници отстранети од должност во Белата куќа поради „несоодветен контакт со странки“