По повод 69-годишнината од формирањето на Друштвото на писателите на Македонија, Меѓународниот славјанскиот универзитет „Гаврило Романович Державин“ на македонската писателска асоцијација и донира парични средства во висина од 500 евра.
Покрај тоа, во пресрет на јубилејот седум децении од формирањето на Друштвото на писателите, Славјанскиот универзитет востановува годишна награда „Державин“ за поетска книга од автор, член на ДПМ. Паричните средства за наградата, во висина од 500 евра, ќе ги обезбедува универзитетот како трајна донација, а Друштвото на писателите ќе учествува во стручниот дел со тричлена жири комисија која ќе ја донесува одлуката за ова признание. Наградата „Державин“ за прв пат ќе биде врачена во втората половина на септември оваа година на Славјанскиот универзитет во Свети Николе.
Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“ започна со работа во 2004 година во Свети Николе, а во 2006 година својата дејност ја прошири и во Битола. Во рамките на овој универзитет работат пет факултети на кои до сега дипломирале неколку илјади студенти. „Гаврило Романович Державин“ е корпоративен универзитет со истоимениот државен универзитет во Руската Федерација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Промоција на најновата книга „Липите кај Сарај куќа“ на Лидија Дочовска Павловска во ДПМ
-
Загајевски стана почесен член на Друштвото на писатели на Македонија
-
„Празник на липите“: Врачени наградите „Книжевно жезло“ на Видое Видически и Ѓеорѓе Добре
-
„Празник на липите“ в четврток во Друштвото на писателите на Македонија