Германското внатрешно разузнавање добило повеќе од сто сигнали дека меѓу бегалците што престојуваат во Германија има борци на Исламска држава, пишува „Берлинер цајтунг“.
Шефот на разузнавачката служба Ханс-Георг Маасен неодамна ја споменал таа информација на дискусија во Министерството за надворешни работи, пишува весникот, без да ги посочува своите извори.
Маасен, исто така, истакнал дека некои од тие сигнали биле лажни, наведува „Берлинер цајтунг“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.