| четврток, 6 декември 2018 |

Викторија демантира дека се разведува: Дејвид ме инспирира

дејвид

Се чувствувам благословена што имам прекрасен сопруг и деца кои неизмерно ме сакаат, изјави Викторија Бекам (41) и ги демантираше гласините дека се разведува од сопругот Дејвид (40).

Британската дизајнерка и поранешна членка на поп-групата Спајс Грлс изјави дека веќе е уморна од приказните за нивниот живот.

Таа тврди дека не можела ни да посака подобар сопруг, кој и после 16 години брак ја усреќува.

– Дејвид ме инспирира и води низ животот. Тој постигна толку многу во професионалниот и приватниот живот што секому може да послужи за пример – вели Викторија, за својот сопруг, поранешен фудбалер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top