На Денот на рибарите утре во Охрид ќе се зготви и 3,3 тони рибина чорба за уривање на Гинисовиот рекорд. Чорбата за 11.000 порции ќе ја подготвуваат професори и ученици од средното угостителско училиште, со помош на охридската компанија „Дасс инженеринг“, јавува Охридњуз.
Казанот за рибината чорба е веќе поставен кај поранешната градска библиотека во центарот на Охрид.
На Денот на рибарите се капат и постари и помлади, обично за здравје, но и за богат и добар лов на рибарите. И утре во езерото ќе се фрли буре со вино и кој ќе го фати ќе го прати среќа цела година
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.