– Апсурдни се обидите за оспорување на одлуката на граѓаните на Крим за повторно обеднување со Русија, која беше донесена во согласност со меѓународниот закон- изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
-Државниот удар од 2014 година подразбираше пропаст на украинската државност, а ултранационалистите кои дојдоа на власт покренаа братоубиствена војна и земјата ја доведоа на работ на поделба – рече Лавров во интервју за италијанскиот политички магазин „Лимес“.
Според него, очигледно е дека слободно изразената желба на населението на Крим на референдумот за независност од Украина и спојувањето со Русија е само реакција на тие настани, пренесува ТАСС. Рускиот дипломат притоа потсети дека „многу Европски земји сметаа дека е можно да се признае независноста на Косово и покрај фактите дека таму не беше оддржан референдум за отцепување од Србија“. Настаните во Донбас покажаа со какви се тешкотии жителите на Крим можеа да се соочат доколку регионот не се обединеше со Русија, заклучи Лавров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.