| четврток, 6 декември 2018 |

По подолга пауза „Риголето“ повторно на сцената на МОБ

В сабота, (6 февруари), со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет, по подолга пауза, ќе биде изведена оперската претстава „Риголето“, на прославениот Џузепе Верди. „Риголето“ се смета за една од најубавите музички драми во оперската литература и нејзиното либрето базира на расказот „Кралот се забавува“ на Виктор Иго (некаде се среќава и под наслов Човекот што се смееше).

Во главните улоги настапува врвна солистичка екипа: во насловната улога Борис Трајанов, Ана Дурловски, Михајло Арсенски (кој живее и работи во Германија), Игор Дурловски и Ирена Кавкалевска.

Во останатите улоги ќе настапат: Ернес Ибраимовски, Диме Петров, Катерина Стојановска, Драган Ампов, Дејан Стоев, Александра Лазаревска – Василевски, Десанка Глигоријевиќ и Димитар  Кожухаров.

Диригент е гостинот од Италија, Џанлука Мартиненги. Цената на билетите изнесува 400, 500 и 600 денари и можат да се купат на билетарницата на МОБ, тел.02/3-118-451, online на www.mob.com.mk и низ продажната мрежа на www.mktickets.mk.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top