Доживотниот претседател на поранешна Југославија, Јосип Броз Тито, издал наредба за овој настан да не се зборува во јавноста. Токму поради тоа малку е познато што му се случило на претседателот на СФРЈ ЈОСИП Броз Тито за време на една од бројните посети на Дубровник.
Во тој град се случил последниот директен атентат на Тито. Пред тоа, Службата за безбедност на ЈНА и Маршалат имале информации дека постојат индикации дека би можело да дојде до атентат и донеле одлука дека Тито во иднина мора стално да носи непробоен елек.
Имено, по расколот во 1948 година, раководството на Информбировската емиграција во Советскиот Сојуз и Романија донело заклучок дека Тито треба да биде конечно ликвидиран на класичен начин.
За атентатор го избрале потполковникот Бранко Рудиќ, еден од најблиските луѓе на Тито. Добро знаеле дека Рудиќ на одреден начин е симпатизер на резолуцијата на Информбирото и политиката на Стаљин кон Југославија.
Атентатот требало да биде извршен во резиденцијата на Тито во Дубровник.
По сопствениот план, Рудиќ од непосредна близина испукал три куршуми директно во Тито кој од својата соба се упатил во работниот кабинет. Панцирот ги запрел куршумите. Обезбедувањето на Броз веднаш а лице место го ликвидирале атентаторот.
Атентатот во Дубровник беше строго чувана државна тајна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.