Наполи го задржа првото место на табелата во Серија А, откако славеше со 0-2 на гостувањето против Лацио на „Олимпико“. Гонзало Игуаин во 24.минута и Хозе Каљехон три минути подоцна стрелаа во мрежата на „лацијалите“ за нов триумф.
Lazio vs Napoli 0-2 All Goals & Highlights… by replayplanettv
Главниот конкурент на Наполи за титулата екипата на Јувентус истотака дојде до трите бода на домашен терен славејќи минимална победа од 1-0 над Џенова. Единствениот гол вреден три бода беше всушноста автогол на Де Мајо. Во самата завршница, Заза заработи црвен картон за домашниот тим. Јувентус и понатаму има два бода негатива во однос на лидерот Наполи.
Александар Трајковски го одигра второто полувреме на мечот против Милан, но „росонерите“ обезбедија предност од два гола во првите 45 минути. Карлос Бака и Нијанг од пенал беа стрелци за составот на Синиша Михајловиќ.
Palermo vs AC Milan 0-2 All Goals Serie A 2016 by patrickjustinngole1
Интер го совлада Киево со погодокот на Мауро Икарди во 48.минута од средбата, а Мауро Зарате во судиското продолжение донесе триумф за Фиорентина над Карпи (2-1).
Резултати Серија А: Фросиноне – Болоња 1-0, Емполи – Удинезе 1-1, Фиорентина – Карпи 2-1, Интер – Киево 1-0, Јувентус – Џенова 1-0, Лацио – Наполи 0-2, Палермо – Милан 0-2, Сампдорија – Торино 2-1, Верона – Аталанта 2-1.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Демографска катастрофа ѝ се заканува на Италија, стана втора најстара држава во светот