| четврток, 6 декември 2018 |

Том Хенкс е новиот миленик на Американците

Актерската ѕвезда Том Хенкс (59) вечерва може да излезе со пријателите за да ја прослави титулата „најомилен актер во САД“.

TomHanksGoldenGlobes2014LSAPPhoto_article_story_large

Имено, во најновиот избор, Хенкс од „престолот го симна“ ланскиот миленик на Американците меѓу глумците, Дензел Вашингтон.

Славниот актер досега глумел во повеќе од 70 филмови, од кои повеќето постигнаа голем успех. Хенкс првпат се појави на големото платно во 1980 година во филмот „He Knows You’re Alone“.

Зад Хенкс на второто место на листата се најде Џони Деп, кој оваа година се закити со титулата „најплатен глумец“.

Годинава, Дензел Вашингтон и неговата заразна насмевка се на третото место, а на споменатата листа меѓу првите десет се и Џон Вејн, Харисон Форд, Клинт Иствуд и Бред Пит.

Што се однесува на холивудските актерки, како што се очекуваше, во топ 10 се најдоа Сандра Булок, Џенифер Лоренс и Џулија Робертс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top