| четврток, 6 декември 2018 |

Крај на љубовта меѓу Дејвид и Викторија Бекам, развод тежок една милијарда долари

Според најновото издание на американскиот магазин „ОК“, Викторија и Дејвид Бекам се разведуваат по 16 години брак.

David-And-Victoria-Beckham-Main

Станува збор за бракоразводна парница вредна една милијарда долари, а Викторија наводно веќе ја отстранила тетоважата посветена на нивната венчавка.

– Откако неколку години работеа на подобрување на нивниот однос, не пронајдоа друг излез од ситуацијата во која се наоѓаат. Но, документите за развод се уште не ги потпишале бидејќи моментално се презафатени со своите кариери, а сето тоа сакаат да го направат што е можно подискретно – тврди извор за магазинот ОК.

Двојката уште во минатото поминуваше низ брачна криза, но немаат предбрачен договор. Тоа би можело да предизвика одредени проблеми во постапката за развод.

– Последната работа на светот која Бекамови ја сакаат е да го оштетат своето царство – алудирал изворот на нивното богатство.

Викторија и Дејвид имаат четири деца. Се запознаа во 1997 година, а две години подоцна стапија во брак.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top