Европските земји треба веднаш да почнат да се подготвуваат да го заштитат населението од вирусот Зика, соопшти денеска Светска зравствена организација, пренесе МИА.
– Сега е време земјите да се подготват за да се намали ризикот, изјави претставничката на СЗО задолжена за Европа, Жужана Јакаб.
Таа посочи дека не е забележан случај на инфицирано лице на подрачјето на Европа, но оти би можело да дојде до ширење на вирусот со доаѓањето на топлото време, на пролет и на лето.
– За секоја европска земја во која има тигрести комарци постои ризик од ширење на вирусот Зика, потенцира Јакаб.
СЗО денеска изрази и загриженост поради извештаите дека во САД е регистрирано првото лице инфицирано со вирусот Зика по сексуален пат.
Вирусот Зика, кој се смета за одговорен за пораст на бројот на случаи на хидроцефалија кај бебињата во Бразил, со голема брзина се шири во Северна и во Јужна Америка, а СЗО поради тоа прогласи глобална вонредна состојба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.