Утре (4.февруари) почнува Фестивалот на чајот и читањето, кој традиционално го организира издавачката куќа „Феникс“ од Скопје.
-Фестивалот ќе почне со промоција на книгата „Патникот“ од Борче Грозданов, која ќе се одржи во Порта Македонија во 19 часот. Оваа книга раскази му е посветена на прерано починатиот актер Васил Шишков. Фрагменти од книгата ќе интерпретираат актерите Арна Шијак и Александар Микиќ, а во музичкиот дел ќе настапат солистките на групата „Чалгија“, соопштуваат од „Феникс“.
Фестивалот следните денови ќе продолжи во културниот центар „Феникс“ каде од 8 март ќе се одржи Саем на книгата со голем број изданија, промоции на книги, средби со автори, врачување награди, познатите ќе сликаат итн.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.