| четврток, 6 декември 2018 |

Лекција за шампионот, Ноле научи како се позира пред фоторепортерите (видео)

novak djokovic

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се пофали на друштвените мрежи дека научил како се позира пред камерите и фотоапаратите.
По освојувањето на новиот грен-слем во неговата кариера, титулата на Австралија Опен, шеста во неговата кариера, Новак Ѓоковиќ ја искористи приликата да ја посети хуманитарната организација „Мелбурн сити мишн“ која им помага на најзагрозените групи на деца во Австралија и да донира во име на својата фондација 20.000 долари како подршка за нивната работа.
По запознавањето, тој се забавуваше со децата и ја искористи приликата да им покаже како се игра тенис, да црта со нив, но и да се фотографира.
Во таа прилика првиот светски рекет доби корисни совети од едно мало девојче.

– Мојата мала пријателка ми покажа како се позира пред фоторепортерите. Прав професионалец. Колку можеме да научиме од децата – се пофали Ѓоковиќ на друштвените мрежи.

Strike a pose! 🙂

Strike a pose! 🙂 Instead of Nole giving tennis lessons, this amazing girl gave Nole some public appearance lessons during his visit to Melbourne City Mission! :)) <3

Posted by Novak Djokovic Foundation on Monday, February 1, 2016

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top