УЕФА ја намали казната на украинскиот клуб Динамо Киев, кој ќе може да игра пред своите навивачи на мечот против Манчестер сити во осминафиналето на Лигата на шампионите. Комисијата за молби и жалби на УЕФА позитивно одговори на барањето на Украинците да биде намалена казната од два натпревари поради расистичко однесување на навивачите и напад кон гостинските фанови на Челси, на натпреварот одигран на 20 октомври минатата година. Преполовена е и паричната казна, па сега раководството на клубот ќе треба да плати 50.000 евра.
Динамо Киев веќе ја „одлежа“ казната од еден натпревар на дуелот против Макаби Тел Авив, а тоа значи дека ќе може да смета на поддршката на 70.000 фанови на првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите против Манчестер сити.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.