| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија ќе брка виза за Рио на турнирот во Гдањск

EHF European Men's Handball Championship 2016

Македонската ракометна репрезентација својот предолимписки турнир за пласман во Рио де Жанеиро ќе го игра во Гдањск, Полска. Ова е одлуката што била донесена за време на вчерашниот состанок од страна на ИХФ, а официјално ќе биде обелоденета во јавноста во текот на денешниот ден. Иако одредени медиуми тврдеа дека натпреварите од првата предолимписка група ќе се играат во Тунис, оваа опција експресно била отфрлена.

Ракометната Федерација на Македонија уште пред околу два месеци испрати писмо со намера со кое истакнува подготвеност и самата да го организира ова значајно натпреварување. Сепак, како пресудни при изборот биле маркетинг пазарот и висината на ТВ-правата, категории во кои Полска е далеку пред Македонија, по што била донесена одлуката земјата домаќин на ЕП 2016 неполни три месеци подоцна да го организира и ова натпреварување, кое ќе се игра викендот од 8 до 10 април.

Полјаците уште за време на европскиот шампионат го посочија Гдањск како град во кој би го одржувале овој турнир, опција што била прифатена.

Само за потсетување, покрај Македонија и Полска, дел од оваа група ќе бидат Чиле и Тунис, а пласман на Олимписките Игри обезбедуваат двете најдобри селекции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top