| четврток, 6 декември 2018 |

Брајант е неверојатен, со 38 поени потсети на најдобрите времиња (видео)

kobi brajant

Ѕвездата на НБА лигата и ЛА Лејкерс, Коби Брајант, кој ја најави својата пензија на крајот од оваа сезона мораше да се одигра натпревар како од најдобрите времиња и да ја прекина лошата низа од 10 порази по ред на својот тим постигнувајќи неверојатни 38 поени дополнети со пет скокови и асистенции во победата над Минесота од 119-115. Тој реализираше 14 од последните 18 поени на лејкерси во финалните пет минути, не дозволувајќи да се претрпи уште еден пораз.

– Ова го правам цел живот, 20 години на НБА-терените, немојте да ми кажете дека сте изненадени од она што го видовте од мене денеска – се пошегува Брајант со новинарите по мечот, додавајќи: „Загубивме десет по ред, тоа е доволно срамно за сите нас. Време беше да се прекине таа серија“.

Торонто славеше на гостувањето против Феникс со 97-104, дванаесетте победа за „рептилите“ во последните 13 меча на овој тим. Со тоа, канадскиот состав го расипа и дебито на новиот тренер на Феникс, Ерл Вотсон, кој барем засега е само привремено решение по врачениот отказ на Џеф Хорначек.

НБА резултати:

Њујорк – Бостон 89-97, Хјустон – Мајами 115-102, Феникс – Торонто 97-104, Портланд – Милвоки 107-95, ЛА лејкерс – Минесота 119-115.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top