Словенија веројатно ќе понуди оружје и воени инструктори во меѓународната коалиција, предводена од САД, против Исламска држава, информира денеска Радио Словенија, повикувајќи се на неофицијални извори.
Радиото посочува дека словенечките воени инструктори веројатно ќе ги обучуваат курдските војници во градот Ербил, престолнината на Ирачки Курдистан, додавајќи дека се очекува Владата во текот на денот да го одобри планот.
Словенечкото Министерство за одбрана не даде коментар за оваа тема.
Словенија, како членка на ЕУ и еврозоната, досега не учествуваше во активностите против Исламска држава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.