Краткометражниот филм „409“ по сценарио и режија на Даријан Пејовски премиерно ќе биде прикажан вечер, од 18 часот, во киното „Синеплекс“.
– „409“ е приказна за човек што го поседува сето она што во општествена смисла значи „нормален“ или „успешен“. Но, токму овие параметри го врамуваат и го потиснуваат во агол, каде што во недостиг од емотивна сатисфакција, се врти кон самиот себе – соопшти продукцијата „Марни филмс и Вертиго висуал“.
Главните улоги ги толкуваат Симеон Дамевски и Ирена Ристиќ. Директор на кинематографија е Димо Попов, сценографијата е на Срѓан Митровиќ, музиката е на Александар Пејовски, а костимограф е Розе Трајческа-Ристевска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


