Со мизерниот митинг на СДСМ во Скопје Заев ги изгуби сите шанси да направи чудо на изборите на 11 декември и да загуби со пристојна разлика, која ќе му ја заштити партиската фотелја.
Дваесетте дена предвидени за кампања СДСМ ги троши во противкампања, па и оние кои ги поддржуваа политиките на најголемата опозициска партија, кои учествуваа во Шарената револуција, и наивно веруваа дека СДСМ се бори за подобар живот во Македонија, му го вртат грбот.
За тоа се свесни во партијата, а уште повеќе свесни и гневни се симпатизерите, но и долгогодишни членови на партијата, кои имаат традиција за гласање за СДСМ. На социјалните мрежи јавно се откажуваат од партијата и од погубните политики и празните реторики на Заев, а многу од нив се приклонуваат кон Левица, релативно млада партија, која станува сериозен конкурент на СДСМ. Левоориентираните гласачи не ги кријат симпатиите кон Левица, која е едиствена алтернатива на избледениот и албанизиран СДСМ.
#Левица е феномен! Ми се јавуваат пријатели да ми кажат дека ќе ги гласаат. Се жарат по телефон. Ја па им дувам да направиме оган @levica_mk
— Ненад Јолдески (@joldeski) December 6, 2016
Од друга страна, СДСМ немоќта ја канализира преку демонизирање на оние кои се разочарани од СДСМ, со закани кон нив, навреди и уцени.
Стигмата е фрлена, па тврдокорните поддржувачи на Заев веќе ги прогласија за канцер, демони и што уште не колумнистот и долгогодишен истакнат партиски активист на СДСМ, Ивор Мицковски, професорката Билјана Ванковска, актерката Ирена Ристиќ, која во екот на Шарената револуција им го читаше Манифестот и редица новинари, активисти, професори.
За илустрација, актерката Ристиќ јавно објави дека ќе гласа за Левица наместо за СДСМ и веќе неколку дена е под притисок на агресивната уценувачка кампања на СДСМ на социјалните мрежи. Бројот на оние кои застанаа во нејзина одбрана уште еднаш само се покажува дека на СДСМ не му е важна слободата за која „се залага“, ами секој глас кој ќе го му го ублажи поразот, а на Заев ќе му го заштити грбот од Албанците кои чекаат да ја добијат платената услуга.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ивор Мицковски: Како го преполовивте загадувањето на зборови, просто неверојатно!
-
Ивор Мицковски: Убаво се поклопи Денот против насилство врз жената, со партиското насилство врз жена која сакала да воведе ред во една институција
-
За Тереза, Абиби, Сара, Семра, Мануела… – овие работи се потребни во Прифатниот центар Визбегово
-
Мицковски: Првичната цена 400, сега 600 милиони и ти вика дека заштедиле 100