| четврток, 6 декември 2018 |

Атлетико Мадрид ќе се офајди од продажбата на Џексон Мартинез

martinez

Преодниот рок во елитните европски лиги заврши, но Атлетико Мадрид сепак успеа да најде купец за Џексон Мартинез кој во најскоро време ќе си замине од „Висенте Калдерон“. Шпанските медиуми информираат дека шпанскиот прволигаш успеал да се договори со кинескиот прволигаш Гвангжу евергранде, кој е подготвен да плати огромни 45 милиони евра за да го доведе екс-голгетерот на Порто во своите редови.

Мартинез беше доведен како суперзасилување на Атлетико за 30 милиони, но воопшто не ги оправда очекувањата на тренерот Симеоне и на навивачите на „јорганџиите“. Дека тој ќе си замине стана јасно откако Атлетико Мадрид инсистираше на негово вклучување во понудата што требаше да го врати Диего Коста назад во Шпанија. Роман Абрамович одби ваква размена, по што челниците на клубот заедно со агентот на фудбалерот, Хорхе Мендеш, експресно најдоа резервна варијанта.

Како што јавува весникот Ас, челниците на кинескиот клуб во текот на денешниот ден интензивно преговараат со претседателот Черезо, кој најдоцна до утре ќе даде зелено светло за овој трансфер да се реализира.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top