| четврток, 6 декември 2018 |

Уште една кривична пријава за Србинот кој до смрт го претепа Димитар од Охрид

Српскиот државјанин Бојан У. од Краљево обвинет за убиство на Димитар Матлиески од Охрид за време на Новогодишната забава пред кафе-барот „Табана“ во Охрид, ќе одговара и за недозволено користење наркотични средства.

полиција

Полицијата поднесе кривична пријава против 29-годишниот српски државјанин поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба на наркотична дрога“. Според полицијата, на 31.12.2015 година пријавениот бил сместен во вила во Охрид заедно со неговите пријатели  М.П. и Ѓ.П. ,исто така државјани на Република Србија, и на истите им овозможил уживање на наркотично средство – амфетамин.

Претходно против него беше поднесена и кривична пријава за сторено кривично дело „убиство на свиреп начин“. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top