Иако се во временски куса врска, тоа не било пречка да се каже „Да“.
Музичарот Стјепан Хаузер за побарал за жена пејачката Јелена Розга, објавија хрватските медиуми. Хаузер како Мистер Биг одлучил на својата драга да и подари нешто навистина особено и единствено. Бидејќи Јелена го обожува „Сексот и градот“, на нејзината рака од неодамна може да се забележи прстен со темен камен- токму како што го доби и Кери во ТВ серијата.
Очигледно е дека Стјепан многу добро ја познава својата љубов.
-Пресреќни сме. Секој слободен момент сме заедно, не се одвојуваме еден од друг- рече пред неколку месеци Јелена.
Изгледа дека нивната љубов е силна и покрај сите оговарања кои ги следат откако признаа дека се заедно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.